Денеска на специјална прес-конференција беше промовиран новиот ракометен колектив во Македонија, РК Алкалоид. Тимот ќе се натпреварува во Првата лига, а целта ќе биде созадавање на квалитетна иднина на македонскиот ракомет.
Претседател на клубот ќе биде Горан Минов, некогашен ракометар, а додека главен партнер ќе биде Кирил Лазаров, најдобриот македонски ракометар.
„Клубот е основан со управна одлука на компанијата, тој ќе настапува во Првата машка лига. На ваков чекор се одлучивме бидејќи ќе биде место каде што младите таленти правилно ќе ги насочиме според вистински вредности. Регрутирање, градење и насочени на млади македонски таленти е она за што ќе се залагаме, она за што се залага и компанијата Алкалоид. Цврсто ќе настојуваме да се вистинските вредности“, изјави првиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов.

