Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Против Ј. Кореја за чест и пласман на 27. место на Мундијалот
    Ракомет

    Против Ј. Кореја за чест и пласман на 27. место на Мундијалот

    sasoBy saso25/01/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната репрезентација на Македонија денес ќе го одигра последниот натпревар на Светското првенство во Полска и Шведска. Избраниците на Лазаров откако не ја минаа групната фаза, остварија две победи на трите меча во т.н. Президент Куп, па денеска против Јужна Кореја ќе играат за 27. место на Мундијалот.

    Селекцијата од Азија на дел од натпреварите на шампионатот покажа квалитет, па така избраниците на Кире Лазаров ќе треба максимално да влезат во натпреварот за да остварат поволен резултат.

    Освен дуелите за пласман од 25 до 32 место, денеска почнува и нокаут-фазата во битка за медалите. Во четврфиналните дуели се 7 европски и само една афиканска селекција.

    Актуелниот светски првак Данска за противник во четвртфиналето ја има селекцијата на Унгарија, додека светскиот вицепрвак и еден од домаќините на Мундијалот, Шведска за пласман во полуфиналето ќе се бори против Египет. Шпанија ќе ги одмери силите со Норвешка, додека Германија во четвртфиналето ќе се сретне со Франција.

    Разигрување за 27 место

    18.00 Македонија – Ј. Кореја

    ЧЕТВРФИНАЛЕ:

    18.00 Данска – Унгарија

    18.00 Норвешка – Шпанија

    20.30 Франција – Германија

    20.30 Шведска – Египет

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Одредени групите во женскиот ракометен Куп на Македонија

    01/02/2023

    Познати групите за ракометниот Куп на Македонија

    01/02/2023

    Е. Пелистер вечерва стартува во СЕХА Лигата

    30/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Давитков се врати во татковината
    • Шкрињар ќе остане професионалец до крај
    • Нов тежок удар за Јуве!?
    • Гринвуд не бил виновен
    • „Светците“ останаа времено без првата ѕвезда
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.