Македонската ракометна репрезентација денеска во „Президентс купот“ од 18 часот ќе го одигра последниот меч од групата „2“ против селекцијата на Мароко. Во обид да избориме што е можно подобар пласман, потребно е да оствариме втора победа на шампионатот и да се најдеме во директна пресметка со Ј. Кореја за 27. место на првенството.
Мароко досега има седум учества на СП, првпат во 1995 година, а најдобар пласман остварија во 1999-та кога го освоија 17. место. Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на Македонија и Мароко на големите натпреварувања.