Денеска во просториите на ракометната федерација беа извлечени двојките за новата сезона во Супер-лигата.
Првото коло ќе го донесе дербито Металург – Пролет додека бранителот на титулата Вардар 1961 ќе го пречека новиот супер-лигаш, Скопје. На другите терени ќе играат: Радовиш-Струга, Охрид-Тиквеш, Еурофарм Пелистер со вториот тим на Битолчани и Бутел против Прилеп.
Регуларниот дел ќе заврши до крајот на февруарив во 2022 година по што се продолжи со плеј-аут и плеј-оф во кој екипите ќе ги пренесат бодовите.