Еден од најдобрите ракометари во светот во последната деценија, Никола Карабатиќ мора да направи нова 3-месечна пауза поради повреда. Како што објавија медиумите од Франција, Карабатиќ и покрај тоа што штотуку го продолжи договорот со ПСЖ, нема да му биде на располагање на тренерот во следните 3 месеци, откако стана јасно дека има посериозна повреда на десната нога.
Тоа е огромен удар за играчот и парискиот клуб бидејќи се ближат завршните дуели во Лигата на шампионите и националното првенство.