Кошаркарите на Работнички по десетти пат се освојувачи на Купот на Македонија. Тие денеска во финалето одиграно во салата – „26 април“, во Гевгелија, успеаа да го совладаат тимот на Блокотехна со 85 спрема 71 и сосема заслужено да го подигнат победничкиот пехар.
Мечот беше главно изедначен до средината на третиот период кога екипата од Скопје успеа да направи солидна предност и да ја најави победата. До крајот Блокотехна немаше сили за пресврт.
Чавдар Костов беше најпрецизен во победничкио тим со 25 кошеви додека Караџовски забележа 16 а Чековски десет кошеви. Во поразениот тим Фунденбург застана на 24 поени а Думиќ имаше 13. Претходно во женското финале на Купот, Вардар славеше против Бадел со 50 спрема 40.