Тренерот на кошаркарите на Торонто, Дарко Рајаковиќ, се одлучи да ја пофали играта на Скоти Барнс.
„ НБА ги обединува најдобрите играчи од целиот свет. Има многу талентирани кои успеваат да го остварат потенцијалот. Има играчи кои сакаат да победуваат и да се докажуваат а има и победници кои имаат директно влијание врз исходот„ – вели Рајаковиќ.
„Скоти е баш таков играч а има само 23 години. Во наредниот период ќе зборуваме за еден од најдобрите играчи во светот“ – заклучи тренерот на Репторс.

