Ракометната селекција на Македонија и на денешниот натпревар со Чешка ќе има голема поддршка од нашите навивачи кои ќе бидат на трибините во „Штадхале“ во Виена.
На првата средба со Украина во петокот имаше околу 4500 до 5000 навивачи кои ја бодреа нашата ракометна селекција,но денес против Чешка се очекува таа бројка да биде поголема,сепак денес е недела и неработен ден, а тоа нзачи дека Македонците кои работат во Австрија и околните земји организирано ќе дојдат да ја бодрат Македонија.
Самите репрезентативци беа изненадени од големата бројка на наши навивачи, но очакуваат денес да бидат во уште поголем број и да им помогнат во битката за нова победа на Европското првенство.