Нашите најдобри ракометари во рамките на ЕХФ неделата ќе реализираат контролни средби со Турција, Италија и Грузија а пред самиот настапот на ЕП ќе имаат уште четири пријателски натпревари.
Кон крајот на годинава избраниците на Брестовац ќе играат на „Трофеј Карпати“ а по новогодишните празнувања ќе излезат на мегдан со Словенија предводена од поранешниот македонски селектор, Веселин Вујовиќ. По тој дуел на 3 јануари, нашите ракометари ги очекува и средба со Црна Гора.
Веднаш потоа (10 јануари) ќе старува и континеталниот собир а Македонија првата групна фаза ќе ја одигра во друштво со домаќинот Австрија, Украина и Чешка.