Нашите најдобри ракометари денеска ги очекува финалниот меч на меѓународниот тирнир –„Трофеј Карпати“ кој се реализира во Букурешт во Романија.
Во 18.15 часот избраниците на селекторот, Данило Брестовац, ќе излезат на мегдан со домашната селекција. Вчера ние славевме против Алжир додека Романците беа подобри од селекцијата на Холандија.
Со настапот на традиционалниот меѓународен турнир практично завршува втората фаза од подготовките за нашите ракометри кои во јануари ќе се појават на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Во првата фаза на Континеталниот собир Македонија ќе игра во групата во Австрија.

