Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денеска во хотелот „Александар Палас“ ја има прват апрозивка на ракометарите повикани за настап на Светското првенство кое од 11 јануари следната година ќе се одржи во Шведска и Полска.
Македонија е во група со Норвешка (13. јануари), Холандија (15. јануари) и Аргентина (17. јануари), а предводникот на нашиот најдобар национален тим во рамките на подготовките на располагање ќе има 23 имиња.
Според планот нашите момци денеска заминуваат во Маврово каде е предвидено да одиграат два пријателски натпревари против Црна Гора.
Пред Нова година ќе се вратат во Скопје, а на 3. јануари ќе се одигра мечот на деценијата, по што следниот ден заминуваат во Хрватска каде ќе бидат дел од „Кроација Купот“.