Македонската ракометна репрезентација нема да учествува на Светското првенство во Египет идната година во јануари откако Интернационалната ракометна федерација одлучи да не ни додели вајлд-карта.
ИХФ двете специјални покани за учество на ракометниот мундијал ги испрати до Полска и Русија.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) претходно поради корона-вирусот ги поништи баражите. Ние требаше да играме со Франција.