Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Ракометарите од денес на собир, ќе се подготвуваат за Романија
    Ракомет

    Ракометарите од денес на собир, ќе се подготвуваат за Романија

    risteBy riste02/04/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната машката сениорска репрезентација на Македонија попладнево во Скопје ќе го има првиот собир по настапот на Европското првенство во Хрватска.

    Нашите ракометари во овој период на подготовки кој е активен низ цела Европа и е наречен „ЕХФ недела на ракометот“ ќе се подготвува во Скопје, а при тоа ќе одигра еден контролен натпревар и тоа од затворен карактер, против селекцијата на Русија. Оваа средба ќе биде одиграна во сабота, а нема да биде дозволено присуство на поблика и медиуми. Селекторот Раул Гонзалез, за овие подготовки се одлучи да направи одредени измени во составот на нашата селекција, па нема да бида присутни  неколку играчи кои беа дел од ЕП во Хрватска.

    Филип Миркуловски, Аце Јоновски, Немања Прибак и Филип Лазаров се ракометарите кои нема да бидат на овој собир на нашата репрезентација. На денешниот собир и прв тренинг најавено е дека нема да присуствуваат Кире Лазаров, Борко Ристовски и Мартин Серафимов. Првите двајца ќе доцнат поради обврските што ги имаа со своите клубови во Лигата на шампионите, додека Серафимов е со кадетската репрезентација на турнир во Унгарија.

    Првиот тренинг ќе го одржат денеска од 18:00 часот во „Вип арената“ на СЦ „Борис Трајковски“.Ова треба да биде подготовка на нашата репрезентација за бараж квалификациите за СП во Германија и Данска што ќе се играат во јуни. Македонија за противник во јуни ќе ја има Романија. Најнапред ќе играме во Скопје, а реваншот ќе се игра во Клуж.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Душебаев: противникот има екстра класа

    27/01/2023

    Селекторот на Данците ги потенцира голманите

    27/01/2023

    Варгас: горди сме на оствареното досега

    27/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.