Машката репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
По дуелот со Данска, кој нема резултатско значење за двете репрезентации, нашите ракометари веднаш се враќаат во Скопје.
Со чартер лет од аеродромот во Дебрецин во 1 часот после полноќ, нашата делегација ќе полета кон Скопје.
Според планот, авионот со нашите ракометари би требало да пристигне околу 2:30 часот на Аеродромот во Скопје, па по неколку денови одмор ракометарите ведбаш ќе се посветат на клупските обврски.
Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра вечерва во „Феникс Арена“ со почеток во 20:30 часот.