Селекторот на нашите најдобри ракометари, Раул Гонзалез, го објави скратениот список со 20 играчи кој ќе се подготвуваат за претстојните квалификациски мечеви со Турција и Грција за место на Европското првенство во 2020 година.
Ново име кај „жолто-црвените“ е ракометарот на Еурофарм Работник, Филип Чурлевски, кој ќе го заземе местото на Филип Миркуловски. Македонија на 25-ти октомври во Битола ќе ја пречека Турција а само три дена подоцна ќе гостува кај Грција.


