Македонската ракометна репрезентација ќе биде во вториот шешир на ждрепката за светското првенство во Полска и Шведска следната година. Извлекувањето на групите е закажано за 2 јули во Катовице, а Македонија пред истата се најде во ист шешир со Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора и Полска, кои сигурно нема да бидат наши ривали во групната фаза.
Според пропозициите земјите учеснички ќе бидат поделени во осум групи со по четири селекции, а првите три продолжуваат во главната фаза.
Она што е сигурно е дека Македонија нема да игра во групите Б и Г, поточно во градовите Катовице и Јончепинг, бидејќи таму се распределени репрезентации од вториот шешир.
ШЕШИР 1: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд, Германија, Африка 1
ШЕШИР 2: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија
ШЕШИР 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3
ШЕШИР 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2