Македонските ракометари вчера пристигнаа во Дебрецин, каде веќе утре на премиерата на новото Европско првенство против Словенија ќе го одиграат и првиот меч на шампионатот.
Лазаров нема да смета на првиот голман, Никола Митревски, а дополнително ги повика Чаневски и Трајковски како замени на голманските места за ова ЕП. Денеска ракометарите ќе ги одржат редовните тренинзи подготвувајќи ја тактиката за Словенците.
Спортското радио 90.3 фм од денеска исто така со своја екипа ќе биде во Дебрецин и во живо ќе ве информира за сите случувања на шампионатот.