Со вчерашниот собир во хотелот „Александар Палас“, македонската ракометна репрезентација го започна вториот дел од подготовките за ЕП. Ракометарите под водство на селекторот Лазаров ќе ги одработи последните тренинзи во Скопје пред заминување за Дебрецин, а во истиот период (3 и 4 јануари) ќе се одиграат и контролните натпревари со селекцијата на Израел, кои ќе бидат од затворен тип.
Согласно протоколите за учество одредени од Европската Ракометна Федерација, сите ракометари во репрезентативниот табор се имунизирани против вирусот Ковид – 19, а во текот на подготовките беа извршени превентивни ковид тестирања и истите беа негативни.
Протоколот од ЕХФ за учество на ЕП 2022 предвидува ковид тестирања на учесниците на 4-ти, 7-ми и 10-ти јануари, а ракометните репрезентативци заминуваат за Дебрецин на 11 јануари.