Македонската ракометна репрезентација во Скопје продолжи со подготовките пред двомечот со Романија на патот до СП 2023 година. Селекторот Кире Лазаров утрово ги собра репрезентативците, иако некомплетни, и почна со подготвување на стратегијата за првиот меч в четврток во Скопје.
„Ние уште по пласманот на ЕП претпоставувавме дека ќе играме бараж за СП. Тоа го имавме во глава уште по поставувањето на селектор. Исто е тоа што тие имаат ист тренер, имаат некои промени. Паски е многу познат тренер, тренер кој 12 години беше во Барселона. Сигурно дека тие имаат добиено на сериозност, на квалитет и на стратегија. Што се однесува до нас мислам дека имаме доста промени. Имаме доста новитетети, нови играчи и доста сериозен противник, кој никако не смееме да го потцениме. Мора да ги гледаме со респект. Познавајќи го Чави тој ќе подготви некои изненадувања, но како што тој ме знае мене, така и јас го знам него“.
Денеска во репрезентацијата треба да се приклучат Пешевски и Миркуловски, а вечерва пристигнува и Никола Митревски.