Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Ракометарите со нова опрема: „Со нов дрес, до нови победи“
    Ракомет

    Ракометарите со нова опрема: „Со нов дрес, до нови победи“

    risteBy riste03/01/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна репрезентација денес го промовираше новиот дрес со кој ќе настапува на Светското првенство кое за неколку дена започнува во Германија и Данска.

    Официјалниот партнер на селекцијата „Д-спортска опрема“ и брендот „Хумел“ кои веќе неколку години ја обезбедуваат нашата селекција со спортска опрема денес во своите простории направија промоцијата на новата опрема. Спонзорот останува ист, „Хумел“, а разликата е само во дезенот на дресот односно неколку линии и нијанси кои се додадени на новиот дрес.

    На нашата репрезентација и останува утре и официјално да го одигра првиот од двата контролни натпрервари со селекцијата на Србија, првиот кој се игра утревечер во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде од отворен карактер и сите кои сакаат ќе можат да го проследат во живо, а влезот е слободен. Вториот натпревар ќе биде од сатворен карактер и ќе се игра ден подоцна. Селекторот Раул веднаш потоа ќе треба да го соопшти списокот на оние кои ќе патуваат за МИнхен на 9.јануари.

    Македонската репрезентација на Светското првенство ќе игра во група со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин, а првиот натпревар е против Јапонија, на 11 јануари во „Олимпикхале“ во Минхен.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Гоце Георгиевски: „Со добра одбрана можеме да победиме и со 5 гола разлика“

    08/02/2023

    Недановски: „Ќе се обидеме да победиме за да се бориме за првото место во групата“

    08/02/2023

    Еурофарм Пелистер по изненадување во Данска

    07/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Бенитез преговара со Лидс
    • Лорис нема да оди на операција
    • Гоце Георгиевски: „Со добра одбрана можеме да победиме и со 5 гола разлика“
    • Недановски: „Ќе се обидеме да победиме за да се бориме за првото место во групата“
    • Челзи ќе најде замена за Обамејанг, тоа е Иван Тони од Брентфорд
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.