Нашите најдобри ракометари денеска ја совладаа селекцијата на Црна Гора со 25 спрема 24 во последниот контролен меч пред заминувањето на Европското првенство.
На мечот кој беше од затворен тип, Црногорците имале предност по првиот дел од 13:12 додека Македонија со подобра игра во вториот успеала да направи пресврт. Во нашата селекција Манасков , Талески, Маџовски и Пешевски постигнаа по три гола.
Нашата експедиција сега ќе замине за Виена.Таму ја очекуваат мечевите од групната фаза и тоа против Украина, Чешка и ко-домаќинот на ЕП, репрезентацијата на Австрија