Ракометната репрезентација на Македонија во драматичен натпревар освои бод против Австрија (29:29), а ремито дојде со гол во последната секунда од натпреварот.
Откако Австрија постигна гол за предност, селекторот Лазаров побара тајм-аут на 3.8 секунди до крај. Следуваше договор на тајм-аутот, а работата ја заврши капитенот Филип Кузмановски кој испрати вистинска бомба од десетина метри за нерешено и освоен бод.
По крајот на натпреварот, ракометарите си направија селфи за спомен , а моментот со фотографија го овековечи капитенот, Филип Кузмановски.


