Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 ч.) во „Борис Трајковски“ ќе бара потврда на пласманот на Светското првенство во 2027 година. По гостинскиот триумг од 24:31, вечерва момците на Лазаров ќе се обидат со уште една победа да го потврдат својот статус на редовен учесник на најголемите ракометни собири.
Македонија на гостинси терен покажа дека е фаворит. Нашата репрезентација одигра убедлив натпревар, во кој и помладите ракометари покажаа дека се достојни за дресот со националните бои.
Освен ракомет за денес Ракометната федерација на Македонија организира и дополнителни активности. Пред платото на СЦ „Борис Трајковски“ ќе се организира вистински хепенинг кој започнува пет-шест часа пред натпреварот. Прогласен е „Ден на ракометот“, па ќе има храна и пијалоци, промотивни штандови, терени за мини-ракомет на кој ќе играат најмладите.

