Македонската ракометна репрезентација, вечерва од 20.15 часот против Луксембург ќе го игра петтиот и претпоследен натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024. Избраниците на селекторот Кире Лазаров ја имаат фаворитската улога, а истата треба да ја оправдаат на гостински терен.
Со одлука на селекторот, во луксембург заминаа 17 ракометари меѓу кои и Никола Митревски. Од списокот отпаднаа Мартин Томовски и Едвин Омерагиќ, а поради повреди ќе отсуствуваат Костадин Петров и Марко Стојковиќ.
Македонија по четири кола во квалификациската група „1“ е зад Португалија која има осум бодови, а ние и Турците имаме по четири.