Македонската ракометна репрезентација денеска отпатува за Хрватска, каде во следните два дена ќе ги одигра последните две пријателски средби пред стартот на Светското првенство. Без Филип Талески, Никола Митревски и Цветан Кузманоски кои останаа во Скопје и ќе работат индивидуално, Лазаров ќе се обиде да извлече максимум од последните две контроли со Хрватска и Израел.
Утре од 20.15 часот играме со Хрватска, додека ден подоцна во истиот термин ќе ги одмериме силите и со Израел.
По овие два меча, Македонија се враќа во Скопје, каде ќе остане уште неколку дена, по што на 11 јануари заминува за Краков.