Македонската ракометна репрезентација утрово замина за Букурешт, каде утре треба да го одигра реванш мечот од првата рунда во баражот за СП 2023. По триумфот синоќа во Скопје со 30:22, Кире Лазаров и неговите момци веднаш заминаа на пат за Романија, каде утре во 18 часот по македонско време не чека реванш дуелот.
За разлика од вчерашниот меч во Скопје за Букурешт заминаа и Мартин Серафимов и Ненад Костески. Од првичниот список на Лазаров и за овој меч не се во комбинација Кизиќ, Ѓорѓиев и Стојковиќ.