Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска во Скопје го има првиот собир во рамките на ЕХФ неделата.
Селекторот Љубомир Савевски минатата недела го објави списокот на повикани ракометарки за претстојниот собир во чии рамки ќе одиграме два контролни пријателски натпревари против репрезентацијата на Србија во Стара Пазова, Србија.
Натпреварите се закажани за 27.11.2021 (сабота) и 29.11.2021 (понеделник).