Репрезентацијата на Словенија ќе им биде противник на македонските ракометарки во баражот за СП 2019 во Јапонија.
Нашиот противник на тековното Европско првенство во Франција го освои 13.место откако претрпе два поразa и оствари една победа во групната фаза. Првите бараж натпревари ќе се играат во периодот од 31 мај до 2 јуни додека реваншите се од 4 до 6 јуни.
Покрај домаќинот Јапонија, пласман на СП обезбедија и полуфиналистите од актуелното ЕП, Холандија, Романија, Русија, како и актуелниот светски шампион Франција. Еве ги комплетните бараж мечеви:Хрватска – Германија, Данска- Швајцарија, Шведска – Словачка, Белорусија – Норвешка,Србија – Полска, Чешка – Црна Гора, Австрија – Унгарија и Шпанија – Исланд.

