Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Љупчо Савевски, денеска ќе ја има првата прозивка на репрезентативките пред бараж мечот со Украина за пласман на Светското првенство 2023 година.
На оваа репрезентатива акција Савевски повика 20 ракометарки. Последна во стројот ќе се приклучи Сара Ристовска, која поради меч со ЦСКА Москва треба да биде на располагање веќе утре.
Македонија е домаќин на првиот меч со Украина на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот. Реваншот е закажан за три дена подоцна во унгарскиот град Кишварда.