Женската ракометна репрезентација на Македонија не успеа да го освои бронзениот медал на Медитеранските игри во Тарагона. Во малото финале Македонија загуби од Словенија со 30-29.
Словенките го диктираа темпото уште во првиот дел и имаа предност на паузата од 18-16. Без капитенот Елена Ѓорѓиевска, Македонија не успеа да се врати во игра за победа, па на крајот словенките му се израдуваа на бронзениот медал.
За златниот медал вечерва ќе се борат Црна Гора и Шпанија.