Женската ракометна репрезентација на Македонија на 28 април ќе ги дознае противниците за ЕП кое кон крајот на оваа година ќе се одржи и во Скопје.
Ждрепката е закажана во 17 часот, а домаќин ќе биде главниот град на Словенија, Љубљана. Покрај овие две земји, еден дел од групната фаза ќе се игра и во Црна Гора, додека во Скопје покрај групната фаза ќе се одигра и главната рунда.
Македонија се наоѓа во третиот шешир заедно со Словенија, Хрватска и Германија, противници со кои нема да се сретне во групната фаза.
ШЕШИРИ ЕП 2022
- Шешир: Норвешка, Франција, Данска, Холандија
- Шешир: Црна Гора, Шведска, Унгарија, Полска
- Шешир: Македонија, Словенија, Хрватска, Германија
- Шешир: Шпанија, Романија, Србија, Швајцарија