Женската ракометна репрезентација на Македонија попладнево во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ (19 ч.), ќе го одигра првиот бараж-натпревар со Украина, за пласман на Светското првенство 2023, што во декември треба да се одржи во Норвешка, Данска и во Шведска. Нашите ракометарки се надеваат на добар резултат, пред реваншот кој за неколку дека ќе се одигра во Кишварда, Унгарија.
Македонија досега петпати настапила на СП, последен пат во 2007 година (12-то место), а најдобриот пласман го оствари во 1997 година, со пласманот на седмото место. Украина седум пати била дел од мундијалите, најдобриот пласман ѝ е четвртото место во 2003 година, а последен пат играла пред 14 години.