Женската кадетска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на СП на кој сме домаќини, откако славеше над Узбекистан со 39-30. Со овој триумф, нашите ракометарки обезбедија место во главната рунда на СП, односно се пласираа меѓу 16 најдобри селекции во светот.
Мечот почна лошо за нашата репрезентација, Узбекистан имаше предност од 2:7 и 3:8, но подона почна играта на нашата репрезнтација преку Коцева и Ризоска.
Македонија се врати во игра успеа да дојде до резултатски егал 13:13, за во финишот пр првиот дел да дојде до минимална предност од 20:19, резултат со кој се отиде на одмор.
На стартот на второто полувреме беше решен победникот. Македонија со серија од 5-1, стигна до плус 5, 25-20 и веќе беше јасно дека ќе славиме победа со тоа што до крајот само ја зголемувавме предноста.
Последниот натпревар против Иран, Македонија ќе одигра на 2.август (на големиот празник Илинден) во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.