Женската ракометната репрезентација на Македонија со победа ги започна квалификациите за Светското првенство (СП).
Во Скопје Македонија беше подобра од Исланд со 24:17 и со тоа го отвори патот кон баражот за светскиот ракометен шампионат во Шпанија на кој ќе играат двете најдобри селекции од групата. Нашите ракометари одиграа натпревар со многу осцилации, најнапред дозволија противникот да направи предност од 2:7, а потоа со убава серија да дојдат до предност од 11:8 по првото полувреме.
На стартот на вториот дел повторно криза во нападот на Македонија, па Исланд испеа да изедначи на 12:12. Сапак Македонија ја консолидираше играта и дојде до предност од 18:16 која ја надоградуваше до крајот на натпреварот кој го доби со убедливи 24:17.
Најефикасна во Македонија беше Сара Ристовска со 11 постигнати гола, шест даде Елена Ѓорѓиевска, а голманката Матеја Серафимова имаше осум одбрани. Утре Македонија ќе игра против Литванија од 17:00 часот, со победа ќе си обезбеди пласман во баражот.

