РФМ во соработка со клубовите од машкото првенстводенес одлучуваше за форматот на натпреварување за следните две сезони. На дневен ред беше предлогот за тоа како да изглед натпеварувачкиот систем во следните две сезони и истиот би требало да оди на гласање пред УО на РФМ
За првенствената сезона 2020/21 се предлага:
Во Супер лигата да има вкупно 16 екипи, меѓу кои во вкупната бројка се и Вардар и Еурофарм Пелистер.
Во првата фаза од првенството, нема да играат двата двата клуба од СЕХА, Вардар и Е. Пелистер.
Се приклучуваат и шест екипи од Првата лига. Тоа се трите првопласирани во групите од моменталната табела, односно екипите на Астраион, Тиквеш, Прилеп, КЛ7, Јуниор К. Вода* и Младост (Б)*.
Супер лигата ќе биде поделена на две групи од по седум екипи. Групите ќе бидат формирани со извлекување, полудиригирано, базирано на пласманот.
Ќе се играат 12 кола по што сехалигашите и првите три од секоја група ќе одат во плеј оф, другите четири во плеј аут. Во плеј оф се приклучуваат сехалигашите и ќе се формира лига со осум клуба.
Победникот во Плеј аут останува во Супер лига и следната сезона. Второпласираниот ќе игра бараж со првиот од Прва лига за опстанок.
Екипите од 3-8 место испаѓаат во Прва лига.
За првенствената сезона 2021/22 се предлага:
Супер лигата да има 10 екипи. Се враќаат сехалигашките екипи во системот на натпреварување.
Ќе се играат 18 кола, по што првите шест продолжуваат во плеј оф, другите четири во плеј аут. Во плеј оф првиот по регуларниот дел пренесува 5 бода, вториот 4…
Во плеј аут, седмиот пренесува 3 бода, осмиот 2…
Првите два клуба во Плеј аут остануваат во Лига, третиот игра бараж, последниот испаѓа. Победникот од Прва лига ќе се пласира во Супер лигата.
Сето ова ќе треба да биде потврдено од страна на УО на РФМ.

