Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Ракометниот спектакл на 3 јануари со сите македонски ѕвезди
    Ракомет

    Ракометниот спектакл на 3 јануари со сите македонски ѕвезди

    sasoBy saso28/12/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна федерација денеска на прес-конференција ги откри деталите за мечот на деценијата меѓу поранешните и сегашните репрезентативци. Спортскиот настан „Сите ѕвезди“ ќе се случи на 3 јануари во СЦ „Борис Трајковски“ истиот ќе биде од хуманитарен карактер, средствата собрани од продажба на билетите кои веќе одамна се во продажба ќе бидат донирани во СОС Детско село.

    Со овој спектакуларен натпревар, РФМ ќе им оддаде почит на сите оние големи ракометни имиња кои низ годините придонесуваа за среќните спортски репрезентативни денови. На денешната прес-конференција беа присутни Живко Мукаетов, Претседател на РФМ, Ванчо Димовски и Стојанче Стоилов – Претставници на ракометните ветерани, Петар Георгиевски – Камиказа, ВИС Меморија, Рахела Евтимова, Претставник на СОС Детско село и Драган Спасов – Дац (модератор).

    „После долго време сум од другата страна. Многу ме радува настанот, после долги години ќе се собереме на едно место. Околу подготовките, сите индивудално тоа го прават. До 3 јануари ќе се видиме сите заедно, ќе се подготвиме што е можно подобро да се покажеме во супер светло. Со оваа прес-конференција завршува 2022 година, а веќе во јануари имаме чест овој меч да биде прв настан во спортот во Новата Година. Ако им донесе среќа на ракометарите на Светското првенство нека биде и пракса“, изјави Димовски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА

    03/02/2023

    Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого

    03/02/2023

    Одредени групите во женскиот ракометен Куп на Македонија

    01/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.