Големиот ракометен спектакл под името „Сите Ѕвезди“ се одржува во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Во организација на Ракометната федерација на Македонија, пријателски и хуманитарен меч играат нашите ракометни ветерани кои во минатите две децении го носеа дресот на нашиот национален тим и оние актуелните предводени од легендарниот Кире Лазаров.
Пред полните трибини во арената мечот го води нашата легендарна судиска двојка Драган и Марјан Начевски, а многу ветерани и се уште актуелни ракометари ќе имаат можност да приредат спектакл за публиката.
Од голманите во составот на ветераните се присутни Борко Ристовски, Петар Ангелов, Златко Даскалоски, крилата: Стевче Алушовски, Владо Недановски, Гоце Макалоски, Златко Мојсоски, Александар Јовиќ, бековите: Раде Стојановиќ, Филип Лазаров, Мите Стоилов, Велко Маркоски, Ацо Јоноски, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Бранко Ангеловски, Кирил Лазаров, Влатко Митков, како и пикерите: Стојанче Стоилов, Ванчо Димовски, Горан Ѓоргоновски





