Ѕвездата на Оклахома Сити, Расел Вестбрук го забележа својот 11-ти последователен „трипл-дабл“ во НБА. Тој заврши со 44 поени, 14 скока и 11 асистенции на мечот меѓу Њу Орлеанс и Оклахома кој заврши со резултат 122:131.
Вестбрук го подобри својот рекорд откако зад себе го остави легендарниот Вилт Чембрлен со девет последователни „трипл-дабл“ ефекти во сезоната 1967/68. За Расел Вестбрук ова е 24-ти „трипл-дабл“ оваа сезона и вкупно 128-ми во кариерата.
И покрај одличната игра на Вестбрук, Оклахома загуби по втор пат во последните 11 натпревари. Кај Њу Орлеанс предводник во победата беше Џулиус Рандал кој заврши со 33 поени и 11 скока.
На останатите натпревари кои беа одиграни синоќа Орландо го совлада Шарлот со 127:89, додека Атланта загуби на домашен терен од Њујорк со 91:106.