Ракометната репрезентација на Mакедонија вечерва со средбата против Турција ќе ги започне квалификациите за ЕП 2020 година.
Селекторот на нашата репрезентација, Раул Гонзалез го објави тимот кој ќе се најде во официјалниот протокол за вечерашниот дуел со Турција во Битола. Од поширокиот список отпаднаа Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Никола Митревски и и Златко Даскалоски. За жал на домашната публика пропадна можноста Филип Чурлевски да дебитира во салата која што го носи името на неговиот татко.
На списокот кој ќе биде пријавен за овој натпревар се наоѓаат овие 16 ракометари:
Борко Ристовски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски, Филип Талески, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Немања Прибак, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Лазаров и Филип Кузмановски.
Натпреварот меѓу Македонија и Турција почнува во 20:15 часот, а како што вчера објавија од РФМ сите билети за оваа средба се распродадени.