Шпанецот Раул Гонзалез очекувано е избран за најдобар тренер во Франција, втора година по ред.
Поранешниот предводник на Вардар и македонската репрезентација заврши на врвот во овој избор, поради уште една одлична сезона на клупата на ПСЖ. Неговата екипа обезбеди имаше голема предност пред прекинот на првенството во Франција, а потоа федерацијата го прогласи ПСЖ и за шампион.
Во идеалниот тим се најдоа: голман – Родриго Коралес (ПСЖ), лево крило – Хуго Дескат (Moнпелје), лев бек – Елохим Пранди (Ним), среден бек – Сандер Сагосен (ПСЖ), десен бек – Недим Ремили (ПСЖ), десно крило – Мохамад Санад (Ним) и пивот – Николас Турна (Нант).
Гонзалез беше творецот на успехот на Вардар со кој ја освои ЛШ во 2017 година, а работеше четири години. Во периодот дд 2017-2019 година ја водеше и репрезентацијата на Македонија, за потоа да се повлече и остане со обврски кон клубот од Париз.