Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез, првпат направи измена во составот на нашата селекција на Светското првенство во Германија и Данска.
Шпанскиот стручњак на клупата на Македонија се одлучи за двојна замена за последниот натпревар на нашиот национален тим.
Имено, за дуелот за 15. место против Чиле ќе дебитираат единствените двајца ракометари кои досега не играа на ова СП. На трибините се селат Борко Ристовски и Марио Танковски, а нивните места ќе ги заземат Златко Даскалоски и Милан Лазаревски.
Нашата репрезентација на ова СП досега одигра шест натпревари, ги доби првите два, а потоа доживеа четири порази.Со победа над Чиле ќе продолжи нашата позитивна традиција со оваа земја од Јужна Америка и ќе го повториме истиот пласман од СП во Франција пред две години.