Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Раул претпазлив, Стоилов посакува четврта СЕХА титула
    Ракомет

    Раул претпазлив, Стоилов посакува четврта СЕХА титула

    risteBy riste12/04/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Како најава на она што ќе се случува од утре до недела во Скопје беше одржана воведна прес-конференција за седмиот завршен турнир на регионалната СЕХА лига. Вардар ја брани титулата и важи за апсолутен фаворит воочи утрешното полуфинале со Мешков Брест.

    Тренерот на Вардар Раул Гонзалез е внимателен и вели дека не се залетува и затоа што знае како е да се потцени противникот ,па затоа бара од своите играчи да бидат максимално фокусирани.

    „Среќен сум што овој турнир се игра во нашата сала во Скопје и пред нашите навивачи. Сите нè прогласија за фаворити, но ние се фокусираме само на првиот натпревар. Мешков Брест е одлична екипа, со одличен тренер и секогаш ни создавал многу проблеми. Сепак, јас секогаш верувам во моите ракометари и мислам дека ќе ја наметнеме нашата игра“, изјави Раул.

    Навивачите на Вардар ќе мозат малку да здивнат, капитенот Столе Стоилов е подготвен и ќе може да настапи во полуфиналето на СЕХА лигата утре против Мешков Брест. Стоилов имаше повреда  и не беше дел од контролниот натпревар на Македонија со Русија, но сега е подготвен да помогне на својата екипа да стигне до нов трогеј.

    „Почнуваме важна мисија. Играме пред своите гледачи, против одлична екипа и водена од искусен тренер. Секоја година се соочуваме со нив и знаеме колку е тешко да се игра против нив. Се надевам дека нема да ни се случи да ја загубиме титулата како пред шест години кога ППД Загреб беше подобар. Спремен сум и повредата е минато и утре ќе настапам“, смета капитенот на Вардар.Столе Стоилов беше во тимот на Вардар кој во Загреб ја освои првата, во Нови Сад втората и во Брест третата СЕХА титула, сега во Скопје ја посакува својата четврта титула.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА

    03/02/2023

    Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого

    03/02/2023

    Одредени групите во женскиот ракометен Куп на Македонија

    01/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    • Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого
    • Мартинели потпишал нов договор со Арсенал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.