Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, откако виде дека Шпанија направи големи 18 спрема 12 по само две-три минути во вториот дел, веднаш се определи да ги седне првотимците на клупата и да продолжи со млади сили.
„Беше многу тешко да се игра против Шпанија. Тие имаат убиствени контри и одличен голман. Одигравме добро зона „7 на 6“, во првото полувреме додека лошо го започнавме второто.Тука се реши победникот“ – вели Раул.
„Кога видовме дека мечот е загубен, решив да промена се и да ги чуваме силите за утрешниот решавачки меч со Исланд“ – потенцираше меѓу другото нашиот селектор.