Откако Душко Вујошевиќ поради здравствени проблеми не може да ја води кошаркарската селекција на Босна и Херцеговина во септемвриските квалификации за СП, најверојатно ќе има промена на селекторското место кај популарните „змејови“. Според последните информации во тамошните медиуми, најголем фаворит за селекторската позиција е хрватскиот стратег Јасмин Репеша.
„Разговаравме во четвртокот и петокот, меѓутоа поради самата ситуација и краткиот период некако се е испомешано. Тука сум за да помогнам, но се треба да се договори“, изјавил Репеша.
БиХ ја очекуваат два тешки квалификациски дуели овој месец на 13 септември со Финска и четири дена подоцна против Чешка.