Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»РФМ ги одреди премиите за првата фаза на СП, ракометарите може да поделат максимум 60.000 евра
    Ракомет

    РФМ ги одреди премиите за првата фаза на СП, ракометарите може да поделат максимум 60.000 евра

    risteBy riste11/01/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна репрезентација ја очекува настап на Светското првенство во Полска и Шведска. Избраниците на Кирил Лазаров ќе играат во Краков, во група заедно со Норвешка, Холандија и Аргентина.

    Нашите ракометари имаат тешка мисија за пласман во главната рунда, а пред стартот на СП, РФМ на вонреден состанок ги одреди премиите за пласман за поминување на групата.

    Максималната премија која ракометарите можат да ја добијат е 60.000 евра, истата ќе ја поделат доколку групната фаза ја завршат со три победи. Доколку Македонија групната фаза ја заврши со две победи и секако завери пласман во главната рунда, премијата изнесува 45.000 евра. Една победа и пласман во главната рунда носат 30.000 евра.

    Нашите ракометари за Краков патуваат утре, веќе следниот ден, на 13. јануари, го играат првиот меч, за противник ја имаат селекцијата на Норвешка. Оваа репрезентација е најголемиот фаворит во нашата група, но и покрај тоа нашите ракометари најавија дека нема да се предаваат пред почетокот на натпреварот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Душебаев: противникот има екстра класа

    27/01/2023

    Селекторот на Данците ги потенцира голманите

    27/01/2023

    Варгас: горди сме на оствареното досега

    27/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.