На денешната редовна седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, Управниот одбор донесе одлука за утврдување премија за женската сениорска ракометна репрезентација за евентуален пласман на Светското првенство кое ќе се одржи на крајот на оваа година.
Доколку избраничките на Љубомир Савевски обезбедат пласман на СП по бараж-двомечот со Украина, РФМ ќе ги награди ракометарките со сума од 2,5 милиони денари (40.000 евра).
Премија ќе има и за мажите. Сениорите се на чекор до пласман на ново големо натпреварување – Европско првенство 2024 година. Управниот одбор одлучи за пласман на ЕП 2024 година во Германија, ракометарите да добијат премија од 2 милиони денари.