Нашиот прв голман, Борко Ристовски, јавно ги критикуваше помладите ракометари кои добија шанса да играат против шпанските ѕвезди откако селекторот Раул Гонзалес процени дека мечот е загубен по само две-три минути во вториот дел.
Македонија првото полувреме го одигра одлично против моќната Шпанија, но, откако противникот направи мини серија од 5-0 на стартот на второто, тие што главно ја греат клупата и чекаат шанса да се покажат во националниот дрес беа испратени на теренот.
„Многу ме разочара е настапот на младите ракометари. Секој може да направи грешка, но, не смее да се руши реномето што нашата генерација го создаваше со години. Треба секогаш да се бориш до самиот крај“ – вели Ристовски.