Пред неколку недели беше објавено официјалното формирање, а веќе денес има две нови засилувања за новата сезона новиот ракометен субјект РК Алкалоид.
Клубот ги презентираше првите две засилувања. Се работи за репрезентативци на Македонија кои од следната сезона ќе го носат дресот на оваа екипа, станува збор за мартин Серафимов и Игор Ѓоргиев.
Двајцата бекови се 21-годишни, Серафимов е за нијанса поискусен со настапите за Металург, додека Ѓоргиев минатата сезона беше најдобриот поединец на Голден Арт КЛ7. РК Алкалоид со овие двајца играчи добива квалитет и перспектива на десната бековска позиција со Серафимов, додека Ѓоргиев може да игра како среден и лев бек.