Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»РК Алкалоид ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, Лазаров ги има сите на располагање!
    Ракомет

    РК Алкалоид ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, Лазаров ги има сите на располагање!

    risteBy riste29/01/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометниот клуб Алкалоид го започна подготовките за вториот дел од сезоната во Суперлигата на Македонија. Овој клуб веројатно последен во мак-ракометот почна со припремите поради репрезентативните обврски на најголемиот дел од играчите.

    Тренерот Кирил Лазаров на располагање на тренинг ги има сите ракометари.

    „Веќе ни е позната ситуацијата по големи натпреварувања да се вратиме на клупски обврски и да го фатиме овој начин на работа. Имаме голем број на репрезентативци, тие се веќе во некоја оптимална форма и како што реков, знаеме каков е процесот за надоврзување од репрезентативен на клупски план. Се подготвуваме за тоа што не очекува, крајот на регуларниот дел од сезоната и почетокот на плеј-офот. Задоволен сум од состојбата на ракометарите кои останаа овде и ги одработуваа зимските подготовки заедно со кондицискиот тренер.
    Репрезентативците што беа на ЕП здравствено се добро, што е многу важно. Тие што играа повеќе се во подобра форма, со другите работиме повеќе. Имаме максимален увид и знаме што треба да одработиме до почетокот на продолжението на првенството. Немаме време за посебни подготовки, имаме само уште една недела до стартот, работиме на техничко тактичка подготовка.

    Филип Николов е ново име во тимот. Квалитетен македонски ракометар на добра возраст. Мислам дека со неговиот начин на игра ќе придонесе да бидеме поцврсти и поборбени, посебно во дефанзивата и очекувам со неговото присуство да бидеме пет до десет проценти поквалитетни во секој сегмент. Тоа е единствената измена, Михаил Иваноски замина во Словенија, на неговата позиција дојде Николов“, изјави Лазаров.

    Во втората полусезона Алкалоид влегува со заостанок од пет бода зад лидерот во првенството Вардар, еден зад Еурофарм Пелистер, а израмнет со Охрид.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.