Ракометарите на Бутел од Скопје имаа успешно деби во европските клупски натпреварувања, Бутел пред својата публика вечерва го совлада Запорожје со 18:14 (8:7) и со ваква предност ќе патува на реваншот во Украина.
Првиот дел беше многу тврд и со мал број на голови, но во второто полувреме нешто подобра игра на домашната екипа која успеа да ја одржува предноста во текот на целиот натпревар и со добра реализација во финишот ос дредбата да дојде до предност од 4 гола разлика.
Најефикасни во тимот на Бутел беа Мајиќ со седум и Мојсоски со три гола, а кај Запорожје се истакнаа Тилте со четири и Акименко со три погодоци. Реванш натпреварот кој ќе се игра во Украина е на програмата следниот викенд.